„Политичките пресметки на македонските, СДСМ и албанските политички партии, ДУИ врз грбот на Србите во Македонија, што во пракса се одвива преку мене лично, добива загрижувачки размери.
Ксенофобијата, шовинизмот, нешто што беше поразено уште во 1945 година, уште живее, поточно се повампирува во потомците на фашистичката идеологија и еве веќе подолго време, секој ден во изминативе две години министерување се повторува“, вели Стоилковиќ и потенцира дека незаслуженот молк на јавноста продолжува.
„После низа небулози изнесени од ДУИ и нивните сателити од СДСМ кои кулмираа при изборот на нови министри во Владата, имавме можност да слушнеме скоро од сите говорници на опозицијата. Неверојатно, реконструкција на Влада, а главна тема моето досегашно, успешно учество во Владата, но и идно, не знам од што се плашат. За СДСМ спорно е учеството на ДПСМ во власта и за нив по можност исто како и за ДУИ пожелно е Србите и да не постојат во Македонија, да ги нема никаде, како би можеле на раат да функционираат во државата која со нивните политики ја руинираа, политички, уставно, законски, институционално и на секој начин”, порачува Стоилковиќ.
Лидерот на Демократската партија на Србите во Македониjа вели дека јавноста и понатаму може да молчи и да биде без соодветна реакција и осуда за носителите на отворената омраза и ксенофобијата, кои согласно нивното дејствување малтретираат, дискриминираат, потикнуваат и разгоруваат омраза врз основа на национална припадност (сите се кривични дела).
„Но јас нема да ги оставам без реакција изливите на сѐ позачестената, и со ништо непредизвикана антисрпска хистерија во општеството чии носители се СДС и ДУИ“, напиша Стоилковиќ на својот фејсбук-профил.





