вторник, 14 јули 2026

Концерт на симфонискиот оркестар од Нингбо на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Со концерт на Симфонискиот оркестар од кинескиот град Нингбо вечер во Битола почнува 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“.

Објавено на

часот

Сподели

Симфонискиот оркестар од Нингбо е еден од најрепрезентативните современи симфониски оркестри, амбасадор на кинеската музичка култура чии уметници ќе настапат под диригентство на Ју Џин, помошник диригент на Кинеската филхармонија.

Од Центарот за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот „Илинденски денови“, кој годинава е програмиран во 18 денови и ќе се одржува до 31 јули, информираа дека изборот на уметниците од Нингбо е резултат на поддршката од Амбасадата на НР Кина во земјава, и на Општина Битола како збратимен град со Нингбо.

Концертот на Симфонискиот оркестар од Нингбо е со наслов „Магично музичко патување низ 24-те сончеви периоди“, позната мудрост на кинескиот народ вкоренета во набљудувањето на природата, следењето на нејзиниот ритам и признаена од УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ