вторник, 14 јули 2026

Мицкоски до пратениците на СДСМ: Не ви пречеше Стоилковиќ кога го молевте да гласа за промена на името

Не ви пречеше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви пречеше Иван Стоилковиќ, реплицираше вчера  премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на обвинувањата од пратениците на СДСМ за тоа дека „српскиот свет“ во Македонија добива позиција губернатор на 80 македонски општини. Стоилковиќ вчера беше избран за министер за локална самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

„Е, оваа влада има поинаков став за сите тие прашања затоа што има карактер и затоа што е навистина горда и достоинствена. Не ви пречеше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоилковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство. И сега се обидувате, би рекол, во политички деминутив да му се обраќате на него и на владата што ја предводам“, рече Мицкоски.

Стоилковиќ синоќа на собраниската седница беше изгласан за нов министер за локална самоуправа во реконструираната влада на местото на Златко Перински. Стоилковиќ досега раководеше со министерството за односи меѓу заедниците.

Сите 8 нови министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан и против.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ