Со овој потег Бугарија дополнително се оддалечува од мнозинството земји-членки на Европската Унија, кои ја поддржуваат Украина.
Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош за Украина, и претходно ги отфрлаше обвинувањата дека во војната зазема проруски став. Тој нагласува дека се залага за „прагматични“ односи со Русија.
Иако Бугарија учествуваше на претходните состаноци на коалицијата, во понеделникот не испрати свој претставник на состанокот во Париз.
„Не учествуваме во коалиција што инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина“, им изјави Радев на новинарите.
„Решението на овој конфликт не лежи во негово продолжување по воен пат, туку во силна дипломатска иницијатива што конечно ќе ја запре ескалацијата“, додаде тој.





