Ракометарите на Тиквеш ќе играат во првото коло на Европскиот куп на ЕХФ. Таму за противник го добија противник од Луксембург, а тоа ќе биде екипата на Еш. Кавадарчани прво ќе бидат домаќини на 12 или 13 септември, па потоа на 19 или 20 ќе гостуваат во Луксембург.
Во ЕХФ Купот ќе се приклучат Охрид и Алкалоид како носители, односно Бутел Скопје како неносител во второто коло.
Што се однесува до дамите, Ѓорче Петров ќе игра во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Шампионот на Македонија ќе се судри со Баник Мост од Чешка. Нашиот тим имаше предност во ждрепката и прво на 3 или 4 октомври гостува, па на 10 или 11 ќе го дочека чешкиот ривал.
Во ЕХФ Купот за дами ќе игра ЖРК Вардар. На кам-бекот на евросцената „црвено-црните“ налетаа на Бриксен Судтирол од Италија. Во ова натпреварување во следната рунда се приклучува и ЖРК Чаир.





