„Според нашите сознанија има повеќе од 3.000 Египќани кои се во дијаспората со право на глас. Оттука, сметаме дека сосема легитимно е да им се овозможи на тие наши браќа и сестри да гласаат и на претседателски и на парламентарни и на локални избори. Дали, тоа ќе биде по електронски пат, по пошта или ќе се најде некоја друга опција што ќе им го олесни пристапот тоа е прашање кое може да се реши, ако се има навистина искрена волја од страна на политичките чинители. Цениме дека со оваа бројка на гласови ќе се зголеми и политичката моќ на самата заедница на Египќаните. Тоа е во суштина и основата зошто го поддржуваме предлогот на ВМРО ДПМНЕ и дијаспората да биде вклучена во самиот изборен процес.
Сметаме дека е крајно легитимно и корекно да им излеземе пресрет на овие наши сограѓани, кои и тоа како имаат влијание и врз развојот на економските текови во државата. Оттука, апелираме до сите политички чинители да се усогласат околу донесување на Изборниот законик, и на тој начин да се заокружи и 10-та точка од Реформската агенда во интерес на државата и во интерес на граѓаните и развојот на демократските процеси во нашата заедничка татковина Македонија“, истакна Демир Далип, лидерот на НГИ Коалиција на Египќани.





