вторник, 14 јули 2026

Легендарниот Шимиќ е уапсен во Хрватска

Дарио Шимиќ, легенда на хрватскиот фудбал, е уапсен во акција на УСКОК (Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал) и полицијата поради сомнение за нелегално добивање дозволи за камп во Тисно.

Објавено на

часот

Сподели

УСКОК и хрватската полиција утринава спроведоа акција во која е уапсен легендарниот фудбалер Дарио Шимиќ. Тој е осомничен дека нелегално ги добил потребните дозволи за камп во Тисно. Деталите за акцијата се уште не се познати, а повеќе информации се очекуваат во наредните часови.

Заедно со Шимиќ е уапсена и Неда Ливљаниќ, поранешна раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на поранешната Државна управа на Шибенско-книнскиот регион. Таа наводно му ги прибавила дозволите на Шимиќ, а медиумите пишуваат дека и претходно била предмет на истраги за слични случаи.

Педесетгодишниот Дарио Шимиќ е легенда на хрватскиот фудбал. Во својата кариера настапуваше за Динамо Загреб, Интер, Милан и Монако. Најголемите успеси ги постигна со Милан (2002–2008), освојувајќи две Лиги на шампиони, Серија А, Купот, ФИФА Светско клупско првенство и УЕФА Супер куп.

За хрватската репрезентација одигра 100 натпревари и постигна три гола. Беше дел од генерацијата што на Светското првенство во 1998 година го освои бронзениот медал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ