Градот се наоѓа недалеку од линијата на фронтот, а на видеото се гледа силна експлозија во урбана средина, по која над местото на ударот се издигнува огромен облак чад. Снимката од вчера масовно се споделува на социјалните мрежи.
Употребата на бомбата ФАБ-3000 ја потврдија и аналитичари што се занимаваат со анализа на јавно достапни разузнавачки податоци (ОСИНТ).
ФАБ-3000 е разорна фрагментациска авиобомба со вкупна тежина од три тони, од кои околу 1,5 тон е експлозивно полнење. Развиена е во Советскиот Сојуз во 1946 година за уништување индустриски објекти, подземни структури и брани.
Русија во почетокот на 2024 година соопшти дека повторно го започнала сериското производство на овие бомби, кои претходно последен пат беа користени пред околу 40 години, за време на војната во Авганистан.
Russia released footage of a 3-ton FAB-3000 glide bomb striking the front-line town of Orikhove in Ukraine’s Zaporizhzhia region. The bomb carries around 1.4 tons of explosives. pic.twitter.com/dZ1xMf6ix3
— Open Source Intel (@Osint613) July 13, 2026
Современите верзии што ги користи руската армија се опремени со модул за лизгање и корекција на летот, што овозможува бомбата да биде исфрлена од безбедно растојание.
Според достапните информации, радиусот на уништување изнесува околу 240 метри, додека смртоносните фрагменти можат да долетаат и на повеќе од еден километар од местото на експлозијата.
Руските сили ги приспособиле бомбите ФАБ-3000 за исфрлање од тактичките бомбардери Су-34. Благодарение на системот за лизгање и наведување, пилотот може да ја исфрли бомбата далеку од целта, по што таа самостојно ја коригира својата траекторија кон целта.





