Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР
.„Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик“, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.





