„ЕУ е целосно обединета во својата стратегија за мир преку сила – зајакнување на поддршката за Украина, зголемување на притисокот врз Русија и унапредување на патот кон праведен и траен мир“, напиша Кошта на мрежата Икс и му се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон што е домаќин на средбите.
Тој, исто така, рече дека ЕУ со нетрпение очекува да го унапреди процесот на пристапување на Украина кон Унијата, истакнувајќи дека ЕУ утре ќе отвори уште еден преговарачки кластер со Украина, со што „земјата ќе се приближи чекор поблиску до нејзината европска иднина“.
Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ е клучна безбедносна гаранција и најважна геополитичка инвестиција.
„Проширувањето е клучна безбедносна гаранција – треба да го продолжиме и забрзаме овој процес. Проширувањето останува најважната геополитичка инвестиција, со Украина, Молдавија и Западен Балкан“, рече Кошта.
Во Брисел утре ќе се одржат меѓувладини конференции за пристапување кон ЕУ со четири земји кандидатки: Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што бројот на затворени поглавја ќе се зголеми на 18 од вкупно 33, Албанија ќе ги затвори првите три поглавја, а Украина и Молдавија ќе ги отворат преговорите во кластерот 6.





