Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушл изјави дека процесот ќе започне веднаш, но не даде дополнителни детали, пренесува Ројтерс.
„Запознаени сме со објавата и чекаме повеќе информации“, изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација на Обединетите нации.
„Нашиот став за надоместоците отсекогаш бил доследен – ИМО цврсто се спротивставува на наплатата за премин низ теснец што се користи за меѓународна пловидба. Не постои законска основа за воведување задолжителни патарини само за премин низ теснец.“
Претставниците на поморската индустрија изразија загриженост во врска со најновите случувања, додавајќи дека таков потег, според нивна проценка, би претставувал кршење на меѓународното право.
„Како ова ќе ја направи пловидбата побезбедна и какви гаранции ќе обезбеди?“, рече еден претставник на индустријата, кој не сакаше да биде именуван, коментирајќи ја објавата на Трамп.





