вторник, 14 јули 2026

Кривична пријава за монтер кој инсталирал поскап ТВ-пакет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Р.С. (52) од Крива Паланка за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Објавено на

часот

Сподели

Во октомври  2024 година, пријавениот  како вработен во правен субјект, со умисла и намера му овозможил правно дејство на претплатнички договор  за користење на електронска комуникациска услуга и анекс за користење на услуга, склучен помеѓу С.А. и правен субјект од Скопје, каде  при инсталирање-приклучок на пакет за тв- комуникациска услуга, во својство на монтер, активирал поскап пакет, а договорот за  користење  на услуги не бил потпишан од претплатникот туку од пријавениот, со што му била нанесена штета на С.А. .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ