вторник, 14 јули 2026

Голем застој поради несреќа на автопатот Тетово-Скопје

Поради сообраќајна несреќа, голем застој и колони од автомобили вечерва има на автопатот Скопје-Тетово, кај наплатната станица на излезот од главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, поради несреќата, за која засега нема повеќе детали, сообраќајот се одвива крајно отежнато, а на патарината е формирана голема колона од возила. На снимка која ни ја испрати читател, се гледа како возило на Итната медицинска помош пристигнува и се пробива низ колоните возила.

Се повикуваат сите возачи кои се движат на оваа делница да возат крајно внимателно и полека, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат трпеливи додека целосно не се расчисти коловозот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ