„Беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија“, информира Дирекцијата на ТИРЗ.
Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.
Компанијата во април годинава од „ВДЛ Ван Хоол Македонија“ се преименува во „ВДЛ бус Македонија“, со што почна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој, со фокус на унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.





