вторник, 14 јули 2026

Амбасадорката на Кина, Сјаојан во посета на Општина Маврово и Ростуше

Амбасадорката на Народна Република Кина, Џаинг Сјаојан, денеска беше во посета на Општина Маврово и Ростуше, при што најпрво имаше средба со градоначалникот Онер Јакупоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, отворајќи нови перспективи за развој и поврзување. Главен фокус на разговорите беше ставен на огромните туристички капацитети со кои располага Мавровско-Реканскиот крај“, соопшти општината.
За време на средбата детално беа презентирани природните убавини, уникатните предели и сите можности за алтернативен, зимски и летен туризам кои ги нуди самата општина како една од најатрактивните дестинации во регионот.
Паралелно со туризмот, градоначалникот се осврнал и на богатите културни и традиционални вредности по кои е препознатливо локалното население.


„Градоначалникот Јакупоски ја запозна амбасадорката и со автентичното наследство на овој крај, нагласувајќи дека токму мултикултурализмот и вековните традиции се нашиот најголем гордост и потенцијал за меѓународна промоција.
На средбата биле  разгледани и прашањата за идните можности за соработка меѓу Општина Маврово и Ростуше и Амбасадата на Кина, пред сè во делот на привлекување странски туристи, културна размена и потенцијални инвестиции во локалната економија.
Двете страни изразиле силна подготвеност за одржување на континуиран дијалог со цел конкретизирање на иницијативите кои ќе донесат бенефит за целата заедница“, се вели во соопштението на Општина Маврово и Ростуше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ