„С.С. како службено лице – директор на ЈКП Брегалница- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП Брегалница-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП Брегалница- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари“, посочуваат од МВР.
Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево вчера поднела кривична пријава против 61 годишниот С.С., поранешен директор на ЈКП „Брегалница“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Објавено на
часот





