Затоа, наместо да измислуваат приказни за ‘судство под контрола’, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?
Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие“, изјави Петрушевски.
Петрушевски: Падна монтираниот случај Талир, политичкиот прогон на СДС не успеа
Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Објавено на
часот





