вторник, 14 јули 2026

Градско и италијански Бари потпишаа Договор за пријателство и соработка

Општина Градско вчера  официјално потпиша Договор за пријателство и соработка со Општина Бари од Република Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што напиша на својот фејсбук профил градоначалникот  Киро Нацков, со овој значаен чекор ги поставиле темелите за долгорочно партнерство, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во области од заемен интерес.

„Верувам дека оваа соработка ќе придонесе за нови можности, развој и унапредување на нашите локални заедници, како и за зацврстување на пријателските врски меѓу двете општини.Нека ова партнерство биде успешно и долготрајно, во интерес на сите наши граѓани“, порача  Нацков.

Бари е деветти град по големина во Италија и главен град на провинцијата Апулија во југоиточна Италија. Бари е познат по своето пристаниште и  како терминал за големи бродови. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Свети Никола бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекуваат верници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ