Вардар со 3-2 славеше на гостувањето кај КуПС, но поразот во Скопје од 0-2 се покажа како клучен за елиминација од квалификациите во Лигата на шампионите.
Пред Вардар сега е нов предизвик, меч со Рига од квалификациите за Конференциската лига.
„Предноста на КуПС пред овој двомеч, како што кажав и претходно, беше тоа што играат активно во првенството, веќе имаат повеќе од 10 официјални натпревари зад себе. Ние со овој дуел имаме само два официјални меча зад себе и дојдовме од подготовки за кои се покажа дека добро сме се подготвиле – одигравме еден добар меч и квалитетни 120 минути. Успеавме да победиме на вештачка подлога, но, за наша жал, недоволно за следна фаза во ЛШ. Покажавме добра фудбалска партија, одигравме добар фудбал против КуПС и сега се фокусираме на следните дуели, во Конференциската лига“, рече Фабијани по реваншотво Финска.





