Французите изгледаа многу моќно до ова полуфинале, но вечерва беа тотално немоќни. Де Ла Фуенте тактички го надигра Дешам.
Франција не можеше да најде решение за играта на Шпанија која доминираше на теренот, создаде повеќе шанси и на крајот заслужено дојде до победата.
Резултатот беше отворен во 22. минута кога Ојарзабал погоди од пенал за водство на Шпанија од 1-0. Најстрогата казна беше досудена откако Дињ несмасно го удри јамал во шеснаесетникот.
По една одлична акција во 58. минута и додавање на Олмо до Поро, тој даде гол за конечни 2-0.
Шпанија беше поблиску до 3-0 отколку Франција до намалување на резултатот.
По последниот судиски свиреж Шпанија почна да слави место во големото финале во кое ќе игра против Англија или Аргентина.





