вторник, 14 јули 2026

Струмичките пожарникари спасија куќи и црква од огнената стихија

Денешниот ден беше меѓу најтешките за струмичките пожарникари, кои истовремено интервенираа на повеќе активни пожари во струмичкиот регион. Најкритична беше состојбата во атарите на селата Бајково, Мокриево, Петралинци и Еднокукево, каде огнот зафати шума, ниска вегетација, сува трева, стрништа, но и земјоделска механизација.

Објавено на

часот

Сподели

Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица информираа дека благодарение на брзата реакција, пожртвуваноста и координираната акција на пожарникарите, биле спасени повеќе станбени објекти, како и црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Бајково, иако пламените јазици веќе се доближиле до самите објекти.

„Со огромен труд, пожртвуваност и навремена интервенција, пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата ‘Св. Петар и Павле‘ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат до самите објекти. Со тоа е спречена поголема материјална штета“, соопштија од ТППЕ Струмица.

Според нивните информации, во текот на денот пожарите зафатиле дрвја, сува трева, ниска вегетација и стрништа, а во еден од пожарите изгорела и машина за балирање слама.

Фотографиите објавени од пожарникарите покажуваат дека во некои населени места огнот се доближил до куќите, поради што интервенциите биле особено ризични и барале брза реакција за да се спречи ширење на пожарите кон населените места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ