„Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, другите демонстративно ги одбиваа, а во суштина сите работат за ист исход, да нема договор. Тоа е добро осмислено сценарио на СДС, Левица и ДУИ, а не политичко несогласување.
СДС, Левица и ДУИ немаат интерес да се усвојат современи изборни правила, ниту да се олесни гласањето на македонската дијаспора. Наместо реформи, тие избираат блокади, калкулации и политички пресметки. Причината е јасна, а тоа е подготовка на сопствено алиби за следниот изборен циклус.
Едните ќе се повикуваат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите ќе зборуваат за условите за изборна кампања, а третите ќе тврдат дека не била почитувана волјата на граѓаните. Тоа се изговорите што однапред ги подготвуваат затоа што немаат аргументи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.





