среда, 15 јули 2026

Продаден е хотел „Бристол“

Компанијата ГМ „Проперти“ е новиот сопственик на скопскиот хотел „Бристол“ во центарот на Скопје. АД „Македонијатурист“ го продаде хотелот, а вредноста на купопродажниот договор засега останува непозната.

Објавено на

часот

Сподели

ГМ „Проперти“ е основана во октомври 2024 за услужни дејности. Според податоците од Централниот регистар оваа фирма е изложена со кредит од 5 милиони евра. Сопственик на ГМ „Проперти“ е Емил Кратовалиев, член на Управниот одбор на „Уника“ (друштво за осигурување СИГАЛ иншуренс груп АД Скопје). Основач на фирмата бил и Зоран Антиќ, сопственикот на МГ „Фешн“ и акционер на „Македонијатурист“, но тој излегол од сопствеништвото лани есента.

„Македонијатурист“ во мај донесе одлука да ги продаде хотелите „Бристол“ и „Јадран“.

Хотел „Бристол“ во Скопје е еден од најзначајните историски хотели во Македонија и се смета за најстариот сочуван хотелски објект во градот. Изграден е во 1923 година по нарачка на тогашните познати скопски трговци Атанас (Ташко) и Ристо Караџа, а свечено бил отворен на 24 април 1924 година.

Сместен е на денешната улица „Македонија“, во непосредна близина на тогашната Железничка станица, а историски гледано бил еден од главните места за престој на патници, трговци, дипломати и јавни личности кои доаѓале во Скопје. Во периодот меѓу двете светски војни и со децении по нив, „Бристол“ бил симбол на скопскиот боемски живот. Познато е дека хотелот располага со 33 соби, ресторан и придружни содржини

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ