среда, 15 јули 2026
Време

Сончево со температури до 39 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 39 Целзиусови степени.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 31 до 37 степени. Попладне ќе има услови за изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ