Според Стојанов, Данев имал бизнис во градежништвото во Бугарија. „Ќе ги сноси сите последици од тоа дека е пријател и спонзор на партијата Дпмне и Мицкоски. Ќе плати со КАМАТИ ВЕДНАШ!“, пишува „Фондација Македонија“.
На фејбук профилот објавен е и дел од пријавата до Националната агенција за приходите (бугарската Управа за јавни приходи).
Инаку Виктор Стојанов има забрана за влез во Македонија како лице кое претставува закана за јавниот ред и безбедност во земјата, често сметан за провокатор поради неговите активности.





