За Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во полициската станица во Кисела Вода за понатамошна постапка.
Кочанчанецот беше приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, а успеал да избега од полициската станица во Кочани додека бил задржан за распит.





