среда, 20 мај 2026

Во Салцбург е уапен македонски државјанин, осомничен за грабеж и убиство

Државјанин на Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница.

Објавено на

часот

Сподели

Истражителите наведуваат дека жртвата починала од тешките повреди добиени при нападот, пренесоа германски медиуми. Осомничениот е поврзан со грабежот што се случи за време на првиот мајски викенд во Келн кога непознати сторители провалиле во бунгалов на 93-годишен маж, физички го нападнале, а потоа го пребарале домот и избегале со пленот. На 3 мај тој бил пронајден мртов во куќата. Обдукцијата покажала дека починал од тешки телесни повреди.

Германската полиција претходно уапси двајца осомничени – 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагаше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ