четврток, 21 мај 2026

Македонија е единствената земја во регионот што отвора нови дестинации во најголемата авиокриза, рече Николоски

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите авиопревозници и на државните интереси.

„Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник кој пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени, укинување на други линии во нивна корист и субвенции кои би биле два и пол пати повисоки само за една компанија, рече Николоски во гостување на ТВ Сител.

Вицепремиерот откри дека во моментов се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании, додавајќи дека Македонија е единствената земја во регионот која отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозна криза.

„Ние сме единствена земја во целиот регион која што отвара нови авио линии и во следниов период ќе има 5 нови, и тоа: Аустриа ерлајнс ќе лета директно Виена-Охрид, во јуни месец почнуваат две дестинации од Краков и Вроцлав во Полска до Охрид и две од скопскиот аеродром за Палермо-Сицилија и Алгеро-Сардинија, така што отвараме 5 нови рути во најголемата криза која што ѝ се случила на авиоиндустријата било кога видена”, изјави Николоски.

Министерот информираше и дека Визер ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата веќе размислува и за воспоставување база на охридскиот аеродром.

Во однос на резервите со керозин, тој исткана дека имаме резерви со кериозн и над законскиот минимум, други аеродроми се снабдуваат од кај нас што подразбира дека состојбата е стабилна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ