среда, 20 мај 2026

Турчин и жител на Слупчане кривично ќе одговараат, нелегално увезле 25 килограми елементарен јод

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 41-годишен државјанин на Турција и 57-годишен жител на липковското село Слупчане поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство, постапување и промет со опасни материи, штетни организми, семенски материјал или саден материјал.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, првопријавениот, без да поседува соодветна дозвола за вршење промет со хемикалии, извршил противправен увоз на опасна токсична хемиска супстанца – елементарен јод со чистота од 99,9 проценти, во вкупна количина од 25 килограми.

Како што соопшти СВР Куманово, хемиската супстанца била внесена од Турција по претходен договор со второпријавениот од Слупчане, кој бил задолжен за преземање на пратката.

Полицијата презела мерки за документирање на случајот, по што против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава. Надлежните институции дополнително ќе утврдуваат за каква намена требало да биде употребен елементарниот јод, кој се смета за опасна токсична хемиска супстанца и чиј промет подлежи на строги законски процедури и дозволи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ