четврток, 21 мај 2026

Левица обвинува: Савески молчи за случајот „Мазут“, иако има законски механизми да постапи

Политичката партија Левица обвини дека државниот јавен обвинител Љупчо Савески не презема никакви чекори по затворањето на случајот „Мазут“, иако, како што велат, Законот за јавно обвинителство му овозможува да изврши увид и да наложи дополнителни дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од Левица посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика Савески да постапи по случајот, иако премиерот Христијан Мицкоски претходно јавно повикувал по кои предмети треба да постапува новиот државен јавен обвинител.

Според партијата, и покрај тоа што Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја запрело истрагата, Савески има можност да побара увид во предметот, да ја провери законитоста на постапката и да наложи нови вештачења или прибирање докази.

Од Левица велат дека особено загрижуваат, како што наведуваат, „експедитивните кадровски и процесни потези“ по именувањето на новиот државен јавен обвинител, посочувајќи го како пример и предметот „Талир“.

„И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува пасивен и одбира да глуми ненадлежен“, наведуваат од Левица.

Партијата прашува дали ваквата пасивност е резултат на политички влијанија, додавајќи дека Савески треба да ги искористи законските механизми и да утврди како е затворена истрага во случај во кој, според нив, државата била оштетена за 169 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ