среда, 15 јули 2026

Незаборавни концерти на „Танец“ и „Ладо“ во Битола и Скопје

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ и хрватскиот национален професионален фолклорен ансамбл „Ладо“ уште еднаш ја потврдија својата репутација на вистински амбасадори на културното наследство. Со двата последователни, целосно распродадени концерти во Битола и Скопје, овие два реномирани состави приредија вистински визуелен и звучен спектакл кој долго
ќе се памети.

Објавено на

часот

Сподели

Под слоганот на заедништвото и врвната уметничка прецизност, концертите понудија
внимателно одбрана програма која ја рефлектира богатата ритамска и мелос карактеристика на македонскиот и хрватскиот фолклор.

Македонските уметници уште еднаш воодушевија со техничката беспрекорност, препознатливата машка тежина во игрите и емотивната изведба на вокалните солисти и оркестарот.
Гостите од Хрватска се претставија со својот специфичен вокален израз, раскошните и автентични носии од различни хрватски региони и динамичните кореографии кои ја маѓепсаа публиката.

Првата станица беше Битола, каде што во преполната сала, публиката со громогласни
аплаузи го наградуваше секое движење на сцената. Сличен, ако не и уште подинамичен ефект беше постигнат и на следниот концерт во Скопје, каде што салата ечеше од овации, а на крајот од настапот публиката со стоечки овации ги испрати уметниците.
Ова не беа обични концерти, ова беше празник за очите и душата. Кога на едно место ќе се спојат професионализмот, љубовта кон традицијата и синергијата меѓу два вакви
гиганти, успехот е неминовен. Оваа заедничка соработка уште еднаш докажа дека фолклорот не познава граници и дека соработката меѓу ‘Танец’ и ‘Ладо’ е длабоко вкоренета во меѓусебна почит и долгогодишно пријателство. Концертите покажаа дека традиционалната уметност и понатаму има огромна и верна публика, особено кога се презентира на највисоко професионално ниво“, велат организаторите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ