среда, 15 јули 2026

Елена Ѓорѓиевска е нова ракометарка на Црвена звезда

Искусната македонска ракометна репрезентативка, Елена Ѓорѓиевска во новата сезона ќе го носи црвено-белиот дрес на Црвена Звезда.

Објавено на

часот

Сподели

36-годишната ракометарка која игра на позицијата десен бек, треба да биде значајно засилување за белградскиот клуб кој има високи амбиции за наредната сезона.

Ѓорѓиевска зад себе има богата интернационална кариера и настапувала за повеќе европски клубови. Минатата сезона ги бранеше боите на турски Одунпазари, а во својата богата кариера може да се пофали и со освоена титула во Лигата на шампионите со црногорска Будуќност.

Пред искусната Македонка веднаш ќе следува и европски предизвик, бидејќи Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на Европа ќе ги одмери силите со романскиот Корона Брашов во борбата за место во следната фаза од натпреварувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ