По пристигнувањето во Украина, министерот Сали бил пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко, амбасадорот на Република Македонија во Украина, Димитар Блажевски, како и од претставници на Министерството за надворешни работи на Украина и други високи официјални претставници.
„Учеството на првиот заменик-претседател на Владата на овој самит претставува потврда на континуираната поддршка на Република Македонија за Украина, нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет, како и за нејзината европска перспектива“, велат од Министерството.
За време на престојот во Киев, министерот Сали ќе учествува на пленарната сесија на самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што ќе ја реафирмира подготвеноста на Македонија да продолжи со поддршката за Украина и да го сподели своето искуство и експертиза стекнати во процесот на европската интеграција.
Самитот, нагласуваат од МЕП, ги обединува лидерите и високите претставници од Украина и земјите од Југоисточна Европа, со фокус на зајакнување на регионалната соработка, поддршката за Украина и унапредувањето на нејзината европска агенда.





