среда, 15 јули 2026

Општина Центар со нови дигитални услуги: ГИС порталот ги носи општинските сервиси поблиску до граѓаните

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку порталот, достапен на https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации преку ГИС порталот на Општина Центар. Целта е со примена на современи алатки да се подобри комуникацијата со граѓаните, да се зголеми транспарентноста и да се овозможи полесен пристап до општинските услуги, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Преку порталот, граѓаните можат да ги следат новостите, соопштенијата и активностите на Општината, да се информираат за културната програма, јавните настани и манифестации, како и за тековните и планираните инфраструктурни проекти.

ГИС порталот овозможува и активно учество на граѓаните преку анкети, консултации и граѓански форуми, со што тие можат да придонесат во креирањето на општинските политики и утврдувањето на приоритетите.

Порталот постојано се надградува со нови функционалности и дигитални услуги. Меѓу најкористените е модулот за градинки, преку кој родителите имаат персонализиран увид во активностите на своето дете, присуството, известувањата од градинката и други важни информации.

Во рамки на ГИС порталот достапни се и информации за деталните урбанистички планови, со можност за пребарување и електронско поднесување барање за извод од ДУП. Граѓаните имаат пристап и до 3Д приказ на Општина Центар преку системот Digital Twin – дигитален близнак кој овозможува современа визуелизација на просторот, како и до Зелен катастар со детални податоци за зелените површини, парковите и дрворедите.

Дополнително, порталот содржи информации за јавната инфраструктура, сообраќајната мрежа и други просторни податоци од значење за жителите.

„Со развојот на ГИС порталот, Општина Центар создава модерна, транспарентна и ефикасна локална самоуправа, достапна за сите граѓани“, наведуваат од Одделението за односи со јавност на Општина Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ