среда, 15 јули 2026
На седница на Уставен суд

Повторно под лупа бесплатниот превоз за учениците од приватните средни училишта

Уставниот суд на седница ќе разгледува предмет што се однесува на правото на бесплатен превоз за учениците во средните училишта, откако повторно беше оспорено законското решение со кое учениците од приватните средни училишта се исклучени од ова право.

Објавено на

часот

Сподели

Предметот У.бр.92/2025 е оформен по иницијатива на самиот Уставен суд, врз основа на претходно доставен предлог од претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски. Паралелно ќе се разгледува и иницијативата У.бр.122/2025, поднесена од Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска.

Причина за поведување на постапката е тоа што Уставниот суд уште со Одлуката У.бр.81/2023 од 5 декември ја укина одредбата од Законот за средното образование со која бесплатното користење на јавниот превоз беше ограничено само на учениците од државните средни училишта, оценувајќи дека со тоа се создава нееднаков третман на ученици кои имаат ист правен статус.

Сепак, со измените на Законот за средното образование, во член 41-а е предвидено сместувањето и превозот на учениците од приватните средни училишта да ги обезбедува основачот на училиштето. Според наводите во предметот, ваквото решение покажува дека Собранието не ја испочитувало претходната одлука на Уставниот суд.

Во иницијативата се наведува дека секој редовен ученик во средно училиште треба да има право на бесплатен превоз, без разлика дали посетува државно или приватно училиште, а исклучувањето на учениците од приватните средни училишта од ова право, според подносителите, е спротивно на уставните начела за еднаквост и владеење на правото.

Подносителите Добре Наумовски и Ана Марија Јордановска исто така се повикуваат на претходната одлука на Уставниот суд, оценувајќи дека бесплатниот превоз треба да биде еднакво достапен за сите средношколци, независно од тоа дали се школуваат во државно или приватно училиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ