Според „Тајмс“, паузата на финалето во Њу Џерси би можела да трае меѓу 25 и 30 минути, наместо вообичаените 15, за да има простор за музичка програма со светски ѕвезди. Настапи се најавени од Мадона, Шакира, БТС, Џастин Бибер, Колдплеј, Бурна Бој, диригентот Густаво Дудамел и хорот ПС22.
Ваквиот план предизвика реакции бидејќи правилата на ИФАБ предвидуваат полувремето да не трае подолго од 15 минути. Предлогот за продолжување на паузата еднаш веќе беше одбиен поради загриженост дека долгото мирување може да го зголеми ризикот од повреди кај фудбалерите.
Освен спектаклот на полувремето, ФИФА подготвува и богата церемонија пред почетокот на финалето, на која ќе настапат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, Лаура Паузини и Џенифер Хадсон, а најавено е и појавување на Том Круз.
Така, финалето на Мундијалот ќе добие шоу какво досега не било видено во историјата на натпреварувањето, без разлика на тоа што ќе биде преседан и е мета на критики.





