Проблемот се појави откако летот БА2673 на „Бритиш ервејс“ слета и остана заглавен на единствената оперативна писта поради она што авиокомпанијата го потврди како „технички проблем“. Поради блокадата, девет авиони што чекаа да слетаат го активираа меѓународниот сигнал за итни случаи „7700“, најверојатно поради ниско ниво на гориво. Пет други летови беа пренасочени кон други аеродроми.
Од вкупно 14 пренасочени летови, пет слетаа во Лутон, четири во Станстед и еден на лондонскиот Хитроу. Некои авиони беа пренасочени и надвор од Лондон – три слетаа на аеродромот во Бирмингем, а еден во Бристол.
An issue at Gatwick as nine (9) flights originally bound for the London airport are currently squawking 7700 (likely due to low fuel). We are working to learn more. https://t.co/HsHBhiVnxD pic.twitter.com/cHSUBcbZlv
— Flightradar24 (@flightradar24) July 14, 2026
Засегнатите летови доаѓаа од различни дестинации низ Европа и Северна Африка. Меѓу нив имаше авиони од Шпанија: од Тенерифе, од Валенсија, од Ланзароте и од Фуертевентура. Исто така, летовите од Родос и Атина во Грција, од Бари и Рим во Италија и од Агадир во Мароко беа пренасочени.
„Бритиш ервејс“ потврди дека имало техничка грешка, но не даде дополнителни детали. „Нашиот авион слета безбедно, а патниците се симнаа нормално по пријавата за технички проблем на авионот“, изјави портпаролот на компанијата.
Аеродромот „Лондон Гетвик“, исто така, издаде соопштение. „Пистата беше накратко затворена рано утрово поради технички проблем со еден авион. Како резултат на тоа, мал број летови беа пренасочени, но поголемиот дел подоцна се вратија на „Лондон Гетвик“. Како и секогаш, безбедноста е наш врвен приоритет“, рече портпаролот.





