среда, 15 јули 2026

Русија повторно ја нападна Одеса, загинаа три лица (ВИДЕО)

Во руски напад врз украинскиот пристанишен град Одеса во средата загинаа три лица, потврди локален функционер. Русија ги засили нападите врз украинските пристаништа на Црното Море, кои се клучни за надворешната трговија на земјата, во последните денови, објави Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на регионалната воена администрација, Серхиј Лисак, објави на Телеграм дека уште три лица се хоспитализирани. Според него, во нападот биле оштетени и станбени згради, но не даде повеќе детали.

Русија во последните неколку дена ги засили нападите врз украинските пристаништа на Црното Море, во рамките на комплексот „Голема Одеса“, кои се од витално значење за надворешната трговија и воената економија на земјата.

Регионалниот гувернер Олег Кипер вчера изјави дека две лица загинале во вечерниот напад со беспилотни летала врз пристанишната инфраструктура во регионот, а оштетен е и цивилен брод што плови под знамето на Маршалските Острови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ