среда, 15 јули 2026

Литванија подигна тревога поради Русија: Претседателот откри што му јавиле разузнавачите

Литванскиот претседател Гитанас Науседа во интервју објавено денеска изјави дека разузнавачките служби имаат информации дека Русија планира напади врз клучна инфраструктура, поради што властите ќе ја зголемат безбедноста на енергетските и транспортните објекти како мерка на претпазливост.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Науседа рече дека нема информации за тоа кога и каде би можеле да бидат извршени нападите, ниту пак тврди дека Литванија е нивна директна цел. „Имаме такви сигнали што ги добиваме од нашите разузнавачки служби. Тие не го прецизираат местото или времето бидејќи противникот сè уште не го завршил планирањето. Ние знаеме само за планот или целта“, рече претседателот.

Додаде дека може да станува збор за различни методи насочени кон физичко оштетување на клучната инфраструктура, односно кон сè што би можело да го сопре нејзиното функционирање.

Литванија, членка на НАТО што се граничи со руската енклава Калининград и Белорусија, ги зголеми своите трошоци за одбрана за трипати од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска претходно овој месец објави дека западните разузнавачки служби се загрижени за можноста од руски напади врз нејзината територија и врз балтичките држави.

Москва редовно ги отфрла обвинувањата дека планира или извршува саботажи и други напади надвор од Украина, тврдејќи дека таквите обвинувања се дел од антируска пропагандна кампања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ