среда, 15 јули 2026

Ристески: Просечната потрошувачка кошничка ќе почне да се применува од септември

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека  просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка.

„Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри. Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци“, подвлече Ристески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ