Но, и покрај високата предност, тренерот на Шкендија, Артим Положани, не дозволува опуштање, вели дека приодот ќе биде максимално сериозен како и на секој европски натпревар.
„Имаме добар резултат од првиот меч, но тоа не значи дека ќе влеземе опуштено затоа, мора да одиме на друго ниво затоа што ни треба за другите мечеви да се консолидираме во одбрана и во напад. Потребен ни е таков пристап за следните натпревари“, вели тренерот Положани.
„Не размислуваме за следната фаза, фокусирани сме само на утрешниот натпревар, затоа што секогаш има изненадувања. На овие мечеви не смееме да правиме грешки. Не значи дека ако имаме 5-0, ќе имаме лесен меч“.
Тој проговори и за евентуални нови засилувања.
„Нормално е дека за тренерот секое доаѓање на квалитетен играч е позитивно, би имале подобра конкуренција. Но, сега имаме квалитетен тим и некогаш премногу играчи може да има контра ефект, но секој квалитетен играч е добредојден“, заврши тренерот на Шкендија.
На прес-конференцијата беше и фудбалерот Арбин Зејнулаи.
„Атмосферата е позитивна и влегуваме сериозно во мечот без разлика на убедливата победа. Ги повикувам навивачите да го наполнат стадионот во што е можно поголем број“, рече Зејнулаи.
Натпреварот меѓу Шкендија и Европа се игра утре (четврток) од 20 часот.





