среда, 15 јули 2026

Два случаи на семејно насилство во Штип

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип соопшти дека на територија на општина Штип се случиле два случаи на семејно насилство. Првиот случај е регистриран денеска во раните утрински часови, кога татко физички го нападнал малолетниот син.

Објавено на

часот

Сподели

„На ден 15.07.2026 во 6.40 часот во Штип , полициски службеници од СВР Штип  го лишија од слобода 38 – годишниот С.Д од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син. По целосно  документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштија од СВР-Штип.

Вториот случај се случил синоќа во 19.10 часот, кога  полициски службеници  од СВР Штип го лишиле од слобода 39 годишниот Р.С од Штип, по претходна пријава дека околу 18.30 часот пред семејниот дом на неговата 35 – годишна поранешна сопруга, фрлал тврди предмети, а потоа физички ја нападнал. Од СВР Штип наведуваат дека по целосно  документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ