Како што соопшти Апелацискиот суд, по одржаната јавна седница и разгледувањето на жалбите, ги одбил како неосновани жалбите на обвинетите Велибор Манев, Боро Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски.
Апелацискиот суд ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди
Апелацискиот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев во предметот за убиството на Вања и Панче, а го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој ќе биде повторно суден.
Објавено на
часот
Сподели
Истовремено, ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврдил првостепената пресуда во осудителниот дел, со која четворицата обвинети беа прогласени за виновни за грабнување и за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски и осудени на доживотен затвор.
Воедно, Апелациониот суд го укинал ослободителниот дел од пресудата што се однесува на Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнување на неговата ќерка. Предметот во овој дел е вратен на Основниот кривичен суд Скопје на повторно судење и одлучување.
Од Судот информираат дека поради обемот на доказниот материјал и сложеноста на предметот, во тек е писмената изработка на одлуката, која по изготвувањето ќе биде објавена на веб-страницата на Апелацискиот суд Скопје.





