среда, 15 јули 2026

Уапсен штипјанец откако ја нападнал поранешната сопруга пред нејзиниот дом

Полицијата приведе 39-годишен жител на Штип, откако бил пријавен дека ја нападнал својата поранешна сопруга пред нејзиниот семеен дом.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, околу 19:10 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.С. (39) од Штип.

Според пријавата, околу 18:30 часот тој дошол пред семејниот дом на својата 35-годишна поранешна сопруга, каде што најпрво фрлал тврди предмети, а потоа физички ја нападнал.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ