среда, 15 јули 2026

Мајка пријавила дека поранешниот сопруг со години физички и психички ги малтретирал нивните деца

Полицијата извршила службен разговор со 42-годишен скопјанец, откако неговата поранешна сопруга пријавила дека подолг временски период физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 21:10 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со М.И. (42) од Скопје.

Претходно, неговата поранешна 36-годишна сопруга пријавила дека во периодот од 2023 година до 3 јули 2026 година, тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против пријавениот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ