среда, 15 јули 2026

Нападнат работник на „Комунална хигиена“ во Скопје

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ пријавил во полиција дека бил физички нападнат додека извршувал работни задачи на улицата „Маџари“ во Скопје, а потоа, според неговите наводи, напаѓачот го следел со возило сè до неговиот дом, при што слушнал и истрели од огнено оружје.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 19 часот, во СВР Скопје, 48-годишниот Р.И. од Скопје пријавил дека околу 17:50 часот, додека бил на работното место како вработен во ЈП „Комунална хигиена“, бил физички нападнат од Б.П. (52) од Скопје, кој дошол со возило.

Според пријавата, по нападот, осомничениот продолжил да го следи со своето возило до домот на пријавителот. Во текот на инцидентот, Р.И. изјавил дека слушнал и истрели од огнено оружје.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ