Тестот го мери протеинот p-tau217, кој е поврзан со промените во мозокот карактеристични за Алцхајмеровата болест. Кај лицата со високо ниво на овој протеин, ризикот од развој на когнитивно оштетување изнесувал 38 проценти во наредните пет години, а дури 78 проценти во период од десет години.
Научниците истакнуваат дека тестот засега не е наменет за рутинска примена, туку првенствено би можел да помогне при изборот на учесници за клинички испитувања на нови лекови и превентивни терапии.
Експертите нагласуваат дека резултатите не ги менуваат препораките за здрав начин на живот, како што се правилна исхрана, редовна физичка активност, квалитетен сон и социјални активности, и предупредуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди долгорочната веродостојност на тестот.





