среда, 15 јули 2026

Русија ја предупреди Коалицијата на спремните: Ќе бидете легитимна воена цел

Русија соопшти дека распоредувањето на какви било мултинационални сили во Украина во случај на мировен договор е неприфатливо за Москва и дека таквите сили ќе ги смета за закана и легитимна воена цел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Западните сојузници од проукраинската „Коалиција на спремните“ оваа недела се состанаа во Париз и ја потврдија намерата да распоредат сили по прекинот на борбите, со цел да ѝ дадат безбедносни гаранции на Украина и да помогнат во обновата на нејзината армија.

Тие исто така најавија дека во наредните месеци ќе се одржат воени вежби за да се демонстрира способноста за дејствување на планираните сили, познати како Мултинационални сили за Украина (МНФ-У).

„Во тој контекст, сакаме повторно да нагласиме дека распоредувањето на какви било воени контингенти од земјите на таканаречената ‘Коалиција на спремните’ во Украина е неприфатливо за нашата земја“, им изјави на новинарите портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Повторувам: тоа фактички би значело странска интервенција и ескалација на заканите за безбедноста на Русија. Таквите единици би ги сметале за легитимни воени цели“, нагласи Захарова.

„Коалицијата на спремните“ ја сочинуваат 35 земји. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер во заминување Кир Стармер ја предводат иницијативата, која ја сочинуваат сојузници на Украина, главно европски држави, а чија цел е да му осигури „безбедносни гаранции“ на Киев во рамките на евентуален мировен договор со Русија.

Украински војници, заедно со припадници на армиите на земјите од коалицијата, во вторникот учествуваа на големата воена парада во Париз по повод францускиот национален празник – 14 Јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ