среда, 15 јули 2026

Меѓународна поморска организација: Ормускиот Теснец сè уште е опасен за транзит на бродови

Ормускиот Теснец останува „премногу опасен за транзит на трговски бродови“, соопшти Меѓународната поморска организација, според американската агенција Блумберг.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација со седиште во Лондон, Арсенио Домингез, рече дека Ормускиот Теснец останува „премногу опасен за транзит на трговски бродови“ и додаде дека околу 6.000 морнари сè уште се блокирани.

Домингез повика на спроведување мерки за подобрување на условите за пловидба.

Според него, не постои законска основа за наплата на транзитни такси во Ормускиот Теснец.

„Сакам да ја нагласам потребата од почитување на меѓународното право, земјите да ги следат упатствата на организацијата и компаниите да не преземаат ризици со транзит низ теснецот, со оглед на нестабилноста на моменталната ситуација“, додаде тој.

Ормускиот Теснец е блокиран поради ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ