среда, 20 мај 2026

Почна Пијанофест во Битола

Вечерва во Битола свечено беше отворено осмото издание на Пијанофест 2026, во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано Битола“.

Објавено на

часот

Сподели

На сцената настапија НУ Камерен оркестар – Битола, солистот Јане Петровски и Ема Попивода, пијано.

Под диригентската палка на врвни уметници и со извонредна енергија на изведувачите, вечерта донесе силни емоции и вистинско уметничко доживување кое ја воодушеви публиката.

Пијанофест и оваа година обединува млади таленти, врвни уметници и љубители на класичната музика од 12 држави: Македонија, Германија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Кипар, Кина и Ерменија, што го прави еден од најзначајните и најпрепознатливи меѓународни натпревари во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ